Снимањето на филмот „Фонзо“ е во тек, а врз основа на фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, се чини дека актерот Том Харди сосема е посветен на улогата.
Корисниците на социјалните мрежи се сосема изненадени од денешната фотографија, каде Харди е навистина непрепознатлив.
Сосема ќелав, во шорц и без маица, со голем број тетоважи по телото е фотографиран на сет.
Том Харди ќе го глуми Ал Капоне во филмот „Фонзо“ кој го режира Џош Тренк. Во улога на Ал Капоне досега се најдоа Род Стајгер, Роберт де Ниро и Бен Газара.
-Тоа не е класичен Ал Капоне. Не сакам многу да откривам, но дефинитивно станува збор за трансформација кога говориме за улогата, изјавил Том во едно интревју.
Филмот ќе биде фокусиран на последните години од животот на Ал Капоне, откако заболел од деменција. Минатото ќе се раскаже преку неговите вознемирувачки спомени.
Сè уште не е познато кога филмот ќе се најде пред гледачите.