Француските власти го идентификуваа напаѓачот што завчера во центарот на Париз со нож уби едно лица, а рани уште четири други. Станува збор за лице родено во Чеченија во 1997 година, пренесуваат француските медиуми.
Напаѓачот, кој во текот на нападот беше убиен од француската полиција, имал француско државјанство. Во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Париз, кој ја потресе француската јавност, полицијата ги привела родителите на младиот џихадист.
Терористичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот во француската престолнина. Новинска агенција, блиска до ИД, објави дека осомничениот напаѓач од Париз е „еден од нивните војници“. Очевидци на инцидентот изјавиле дека при нападот џихадистот извикувал „Бог е голем“.
Рохани: Повлекувањето на САД е кршење на моралот
Иранскиот претседател Хасан Рохани порача дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор од 2015 година е „кршење на моралот“, нагласувајќи дека Техеран ќе остане посветен на договорот доколку интересите на земјата можат да бидат заштитени.
– Повлекувањето на САД е кршење на моралот, правилен начин за водење на политиката и дипломатијата и спротивно од меѓународните регулативи – наведе Рохани.
Тој истакна дека, доколку другите пет земји, со кои е потпишан договорот, останат посветени, Иран ќе остане на договорот и покрај одлуката на СА.
На 8 мај американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор, што шест големи сили (вклучувајќи ги и САД) го потпишаа со Иран, а подразбира олеснување на санкциите за Техеран во замена со прекин на иранската нуклеарна програма.