Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство изготви записници за затворање на две аптеки во Велес поради незаконско работење со набавка и издавање лекови.
Во аптеките и во домот во сопственост на В.Ј. бил извршен претрес пришто било констатирано дека издавале лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.
При претресот се одземени предмети како докази во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.