Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека наскоро ќе биде отворен интегрираниот граничен премин со Македонија, а вакви премини наскоро ќе бидат воспоставени и со Албанија и Босна и Херцеговина.

Ова беше соопштено на состанок со преставници на Стопанската комора на Србија (ПКС). Целта е интегрираните гранични премини значително да го олеснат непречениот проток на стоки кон и од Србија.