Полицијата во Хонгконг искористи солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите на најмалку пет локации, во момент кога тие организираа целодневен штрајк, објави „Гардијан“.

Безбедносните служби тргнаа кон демонстрантите кои ги окупираа улиците, ги опколија полициските станици и организираа собири пред владините канцеларии. Полицијата во својата офанзива успеа да уапси и 82 лица.

Голем дел од градот беше парализиран поради штрајкот на работниците и поради блокадата на повеќе големи крстосници, а притоа целосно беше прекинат и сообраќајот. Во седум поголеми делови од Хонгконг беа организирани протести, а демонстрантите се собираа во парковите, трговските центри и на поголемите сообраќајници, пишува „Гардијан“.

Повеќе од 200 авионски летови беа откажани, заедно со железничките линии кои беа прекинати, поради тоа што демонстрантите не дозволуваа нивно поаѓање од станиците.

– Не само што ги блокираа вратите, тие поставуваа велосипеди, метални прачки и други предмети на шините на трасата која од центарот на Хонгконг води кон Кина – пишуваат од британскиот весник.

Градот влегува во деветата последнователна недела на протести, а ова нова ескалација на тензиите. Две такси возила и еден автомобил влетаа во патните блокади поставени од демонстрантите, тесно избегнувајќи поголема бројка на луѓе која демонстрираше на улиците.

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, изјави дека масовните создале услови во кои граот би можел да се соочи со многу опасна ситуација и ги осуди демонстрантите за повредување на еконономијата и стабилноста на градот.

Протестите во Хонгконг беа предизвикани од предлогот на тамошните власти за екстрадиција на осомничени сторители во Кина. Иако лидерката Лам призна дека законот за екстрадиција доживеа комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза, а протестите прераснаа во демонстрации на општо незадоволство на граѓаните.