Во текот на годината сме изложени на околу 620 милиреми радијација што доаѓа делумно од природни извори, како што е на пример храната што секојдневно ја внесуваме и уредите што се дело на човекот.

Воздух и земја
Радонот е благороден гас и во најголем дел го има во почвата. Настанува со радиоактивно распаѓање на радиумот. Според статистичките податоци, тој е еден од најчестите причинители за заболувања од рак.

Храна
Речиси секоја храна содржи, макар и во мали количества, траги од радиоактивни елементи на калиум и радиум. Станува збор за многу мали вредности, кои на годишно ниво може да изнесуваат околу 30 милиреми. Бананите се, на пример, овошје познато по тоа што содржи радиоактивни изотопи, иако тие количества не се штетни за здравјето на луѓето.

Сонцето
Иако атмосферата на Земјата заштитува од постојаното космичко зрачење што стигнува до планета, одбивајќи се од ѕвездите и други планети, постои одредено количество на овој вид зрачење што допира до нас. Местото на живеење игра голема улога во количеството на зрачењето на кое сме изложени, така што на повисока надморска височина има поголемо УВ-зрачење.

Летање со авион
Од висината и ширината на авионот зависи колку ќе се апсорбира зрачење. Во текот на еден просечен лет секој патник прима околу два до пет милирема, што е помалку од половина од зрачењето, кое се прима во текот на рендгенското снимање на градниот кош.

Мобилните телефони
Сан Франциско презеде иницијатива произведувачите на мобилни телефони на декларацијата да истакнуваат колкаво е количеството на зрачењето што го емитуваат мобилните телефони, но овие податоци сѐ уште не ѝ се познати на јавноста. Како и столбовите што емитуваат радиобранови и ви-фи мрежата, и мобилните телефони се извор на зрачење. Експертите советуваат да се користат слушалки за телефонски разговори и телефонот за време на спиењето во текот на ноќта да не биде во близината на главата. Рем (рендген еквивалент мен) е мерна единица што укажува на количеството еквивалентна доза на јонизирачко зрачење. Настаната е врз основа на мерна единица рендген.