Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38.
Во Скопје претпладне претежно сончево, преку денот топло, но со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 19 до 35 степени.
Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.