Жител на село во Источна Јава започна необична мисија за да ја подигне свеста за зачувување на шумите: тој ќе изоди 800 километри до главниот град на Индонезија, наназад, пренесува „Гардијан“.
Меди Бастони (43) се надева дека откако ќе изоди илјадници чекори наназад, за кои се надева дека ќе донесат напредок за човештвото, ќе добие шанса да се сретне со претседателот Јоко Видодо за да побара од него симболично семе за дрво, кое сака да го посади на падините на планината Вилис.
Тој тргнал од неговто село Доно во Источна Јава минатиот четврток и планира да стигне до Државниот дворец во Џакарта за комеморацијата на Денот на независноста на земјата на 17 август.
Таткото на четири деца тргна на пат со необична опрема: долна тренерка, флуросцентен елек и ретровизор поставен над висината на неговите очи, за да има прегледност додека оди наназад.
Ingin mengikuti upacara bendera di Istana Negara dan bertemu dengan Presiden Jokowi. Medi Bastoni, seorang pria asal Tulungagung Jawa timur nekat menempuh perjalan jauh dengan cara jalan kaki mundur, Jumat (19/7) malam. (Fel) #DiskusiInteraktifElshinta pic.twitter.com/h7ojD27enZ
— Radio Elshinta (@RadioElshinta) July 19, 2019
Тој планира да поминува по 30 километри на ден, да купува храна од тезгите на улиците и да спие во џамии и полициски станици додека оди по патот на територијата на Јава.
Со засадувањето на симболичното дрво, за кое тој вели дека ќе биде именувано по претседателот, Меди се надева дека ќе ја подигне свеста за зачувување на шумата околу планината Вилис, вулканска планина во Источна Јава.
– Не само јас, туку и луѓето на падините на Вилис и помладите генерации, сите мора да се грижиме за природата на Вилис. Се надевам дека сите се вклучени во грижата за одржувањето на Вилис – изјавил Меди за локалните медиуми.
Активистите за животна средина ја регенерираат областа, рече тој, но дрвото што ќе го даде претседателот ќе ги поддржи нивните напори.