Грабнувањето на трговските бродови на други земји придонесува кон ескалација на состојбите, која може да доведе до војна, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, предупредувајќи го Иран.
Според Мас, одземањето на британскиот танкер и привременото одземање на уште еден брод, ја направи посерозна и поопасна ситуацијата во Заливот отколку што реално е.
Според него, напорите на Европа се фокусирани на тоа каналите за комуникација да останат отворени за „гласот на разумот“.