Гледањето комедии позитивно влијае на расположението, но и на здравјето на луѓето. Експертите велат дека овие филмови се добри за човековото срце, затоа што ја поттикнуваат циркулацијата. Во прилог десет од најдобрите комедии н
а 21 век.
„Во Бриж“ (2008)
Режија: Мартин Мекдоналд
Глумци: Колин Фарел, Брендон Глисон, Кирон Хајндс
Кратка содржина: откако сѐ им тргна на лошо, убиецот Реј и неговиот партнер чекаат налог од својот безобѕирен шеф во Бругс, Белгија, последното место на кое Реј би сакал да е.
„Скот Пилгрим наспроти светот“ (2010)
Режија: Едгар Рајт
Глумци: Мајкал Сера, Мери Елизабет Винстед,
Кратка содржина: Скот Пилгрим мора да победи седум зла и поранешниот дечко на својата нова девојка, за да го освои нејзиното срце.
„Рок-училиште“ (2003)
Режија: Ричард Линклејтер
Глумци: Џек Блек, Мајк Вајт,
Кратка содржина: Џек Блек игра улога на пеколен гитарист, кој си замислува дека е величествен. Исфрлен од бендот и очаен за нова работа, тој се преправа дека е заменик-наставник и учениците во еден клас, кои се одлични петтоодделенци, ги претвора во тешки рокери.
„Борат“ (2006)
Режија: Лери Чарлс
Глумци: Саша Барон Коен, Кен Давитјан
Кратка содржина: филмот ги следи авантурите на казахстанскиот главен ТВ-водител Борат, кој е испратен во САД за да направи ексклузивна репортажа за животот во Америка и нивната култура. По пат тој се заљубува во Памела Андерсон и се решава да се ожени со неа.
„Брат, каде си“ (2000)
Режија: Џоел Коен, Итан Коен
Глумци: Џорџ Клуни, Џон Туртуро
Кратка содржина: на далечниот југ, во текот на триесеттите години од минатиот век, тројца побегнати затвореници бараат скриено богатство, додека неуморниот полициски шеф ги прогонува.
„Олд скул“ (2003)
Режија: Тод Филипс
Глумци: Лук Вилсон, Винс Вон, Вил Фарел
Кратка содржина: тројца пријатели се обидуваат повторно да ги вратат своите денови на слава со создавање братство.
„Џамп стрит“ (2012)/ „Џамп стрит“ (2014)
Режија: Фил Лорд, Кристофер Милер
Глумци: Јонан Хил, Чајнинг Татум, Ајс Кјуб
Кратка содржина: двајца недораснати полицајци се враќаат во локалното училиште за да се вклопат во средината и да го откријат наркокругот.
„Анхорман: Легендата на Рон Бургунди“ (2004)
Режија: Адам Мекај
Глумци: Вил Фарел, Кристина Аплгејт, Стив Карел
Кратка содржина: Рон Бургунди е најдобар новинар во Сан Диего во 1960-тите години, но сѐ ќе се промени за него и неговите пријатели кога амбициозна жена е поставена за нова ТВ-водителка.
„Четири лава“ (2010)
Режија: Кристофер Морис
Глумци: Вил Адамсдејл, Риз Амед
Кратка содржина: четири неспособни британски џихадисти се обучуваат како да извршат чин на терор.
„Џуно“ (2007)
Режија: Џејсон Рајтмен
Глумци: Елен Пејџ, Мајкал Сера, Џенифер Гарнер
Кратка содржина: соочена со непланирана бременост, неконвенционалната млада жена носи необична одлука во врска со своето неродено дете.