Мауро Икарди им се заканил на водечките луѓе на Интер дека нема проблем да седи на страна и да почека две години да заврши неговиот договор со „нераѕурите“, откако новиот тренер Антонио Конте му порача дека е непожелен.
Во саботата, клубот потврди дека Икарди нема да патува на азиската турнеја откако тој замина од тренинг-кампот во Лугано да работи сам на физичката подготвеност. Иако клубот тврди дека се работи за заедничка одлука, весникот „Ла република“ вели дека ситуацијата не е така едноставна.
– Ако треба ќе останам тука две години, ќе си ја земам платата и нема да направам трансфер – изјавил Икарди за весникот.
Интер се надева дека ќе успее да го вклучи Аргентинецот во договорот за Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед.