Светската организација за заштита на природата (WWF) објави извештај во кој наведува дека повеќе од половина видови на ајкули во Средоземното Море се загрозени. Организацијата предупредува дека тоа е сигнал за уништување на Медитеранот.
-Повеќе од половина видови на ајкули во Средоземното Море се загрозени. Речиси една третина од нив се лови до степен на изумирање. Загрижувачката состојба на морските грабливци е јасен сигнал за целосно уништување на Средоземното Море, се наведува во извештајот.
Извештајот под името „Ајкулите во криза: повик на акција за Медитеранот“ е објавен еден ден пред одбележувањето на денот посветен на ајкулите – 14 јули.
Демократскиот застапник, Ро Кана, кој е автор на нацрт законот, изјави дека оваа регулатива укажува на тоа дека на САД им е доста од војна.