Роџер Федерер и покрај своите 37 години, покажа дека е „мајстор“ на Вимблдон, откако се пласираше во четврт-финалето во „лудиот понеделник“, декласирајќи го својот италијански противник Матео Беретини со 6:1/6:2/6:2, со што им се приклучи на фаворитите Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал, кои исто така имаа лесни победи.
23-годишниот Беретини беше еден од младите тенисери кои покажаа одлична форма оваа сезона, освојувајќи две титули (Будимпешта и Штутгарт) и влегувајќи во топ 20 првпат во кариерата, меѓутоа против Швајцарецот тој не беше во најдобра форма, губејќи лесно поени дозволувајќи му на Федерер лесно да се пласира меѓу најдобрите осум.
Следен за Федерер е подобриот од дуелот меѓу Јапонецот Кеи Нишикори и Казахстанецот Михаел Кукушкин.