Францускиот претседател, Емануел Макрон, го критикуваше отсуството на договор во рамки на ЕУ за распределбата на водечките функции во Унијата и повторно повика на институционални реформи во Унијата.

– Мораме да ги поедноставиме процедурите за да бидеме побрзи, посилни и заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во нејзиното проширување, во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Го одбивам секое проширување пред да биде спроведена длабока институционална реформа во ЕУ – порача Макрон.

 

Тој по маратонските разговори за именувањето на првите луѓе во ЕУ изјави дека неможноста да биде постигнат договор помеѓу земјите-членки го доведува под прашање кредибилитетот на Унијата и дава лоша слика за Европа.