Општина Кавадарци синоќа ја зафати невреме. Интензивно се работи на чистење на улиците од наноси со земја од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“.
– Поројните дождови во вечерните часови оставија последици низ кавадаречките улици. Неколку екипи на комунални работници со механизација се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и отстранување на наносите од нив. Активностите ќе продолжат се до целосно отстранување на последиците кои невремето ги остави зад себе – информира Јавното претпријатие „Комуналец“.
Од претпријатието соопштија дека ја следат состојбата во градот и оти веднаш се реагира таму каде што е потребно.