Сите уапсени 223 навивачи од Полска платиле прекршочна казна од 150 евра по приведен, објави Основниот суд во Скопје.
Казната следува по масовното апсење на полските навивачи пред квалификацискиот натпревар кој се одигра во петокот меѓу Македонија и Полска. Гостинските навивачи влегоа во меѓусебен судир пред почетокот на натпреварот пред арената „Тоше Проески“, по што полиција ги уапси за нарушување на јавниот ред и мир.
Поради нивната бројност, Полјаците со автобуси на ЈСП беа пренесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.
Од основниот суд потенцираа дека сите се странските државјани кои се неосудувани во нашата земја, и дека за делото не се добива забрана за влез во земјава.