Германската групација Шварц, сопственик на малопродажните синџири Лидл и Кауфланд, планира во тековната деловна година да оствари приходи поголеми од 100 милијарди евра, а најавуваат и понатамошни инвестиции за да го задржат трендот на раст од претходните години.
Групацијата во минатата деловна година, која заврши во февруари, ги зголеми приходите за 7,4 отсто, на 96,9 милијарди евра, се вели во краткото соопштение од групацијата, објавено синоќа.
Лидл има вкупно 10.460 продавници во Европа и САД, наведува Ројтерс.
Инвестициите на Шварц минатата деловна година достигнаа седум милијарди евра, а сличен износ планираат и за оваа година.
Имаат намера да отворат околу 300 до 350 нови продавници и да го зголемат асортиманот на производи од сегашните 1.800 на 2.500.