Три кинески воени бродови со вооружени војници испловија денеска од Сиднеј откако претходно влегоа во градското пристаниште без најава, што ги вознемири граѓаните.
„Ројтерс“ наведува дека австралиската влада не ги информирала граѓаните за доаѓањето на кинеските бродови, а сè се случува среде натпреварот на Австралија и Кина за влијание на Пацификот.
Професор по меѓународна безбедност и разузнавачки студии на Универзитетот во Канбера, Австралија, рече дека многу граѓани се вознемириле поради таквата посета, објави „Ројтерс“.
Сепак, австралискиот премиер Скот Морсон објасни дека „тоа е реципрочна посета бидејќи австралиските бродови ја посетија Кина”, и тоа може да биде изненадување за другите, но не и за владата.