Претседателот на САД, Доналд Трамп најави такса од пет проценти за производите што доаѓаат од Мексико, со цел да се изврши притисок врз земјата да направи повеќе за сузбивање на мигрантите од Централна Америка кои се обидуваат да ја преминат границата со САД.
Тој објасни дека таксата постепено ќе се зголемува додека не се реши проблемот со илегалната миграција, пренесе „АП“.
-САД од 10 јуни ќе наметнат такса од пет проценти на производите кои од Мексико доаѓаат во нашата земја, се додека илегалната миграција од таа во нашата земја не биде стопирана- изјави Трамп.
Претседателот на САД ја обвини владата во Мексико дека не прави доволно за стопирање на мигрантскиот бран кој доаѓа од Салвадор, Хондурас и Гватемала.