Холивудската ветеранка Мишел Фајфер некое време се дистанцира од филмскиот свет, но се врати со неколку одлични улоги. Со оглед на младоликиот изглед и прекрасната линија, тешко дека некој ќе ѝ даде 60 години, кои ги прослави на 29 април.
Убавата блондинка, која се прослави со улогата во филмот „Скарфејс“, многумина ги изненади што зеде пауза во 2013 година, по филмот „Семејство“. А причината за тоа изјави дека е нејзиното семејство, на кое сакала да му посвети повеќе внимание.
– Многу сум урамнотежена личност кога работам, но отсекогаш сум била внимателна околу тоа какви ангажмани земам и колку тие ќе влијаат на распоредот со моите деца. Почнав да станувам многу пребирлива и времето си течеше. А сега веќе знаете, кога учениците се подготвени, учителите можат да се повлечат. Никогаш не ја изгубив страста кон глумата, се чувствувам како дома додека сум на филмски сет – изјави Мишел, која ја видовме во драмата „Мајка“, во филмот на Дарен Аронофски, во филмот „Волшебникот на лагите“ каде што игра во друштво со Робер де Ниро, и како мистериозна вдовица во „Убиство во Ориент експрес“.
Мишел Фајфер оваа пролет на филмското платно се појави во филмот „Каде е Кира?“.
Филмот го следи животот на невработената Кира Џонсон, која се бори да се справи со сите тешкотии во животот откако целиот свет ѝ се распаѓа, кога во еден момент ќе ги изгуби својата мајка, сопруг и работа. Филмот се обидува да покаже што се случува кога ќе ни се одземе секоја форма на безбедност.