Специјалните единици на косовската полиција – РОСУ, од изутринава спроведуваат акција на северниот дел на Косово, а српскиот претседател нареди целосна борбена готовност на Армијата, јави РТС.
Во северниот дел на Косовска Митровица се слушнале сирени и голем број на луѓе се собрале на главниот плоштад во градот. Специјални и посебни единици на МВР се во целосна подготвеност, објави РТС.
Српските медиуми јавија дека досега биле уапсени тринаесет српски припадници на косовската полиција, информираше „Блиц“.
Директорот на канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави за РТС дека ситуацијата е драматична, дека вооружените единици РОСУ утрово околу 6 часот ,,упаднале на северниот дел на Косово, со цел да заплашуваат и да предизвикаат паника”, а се споменува и дела имало апсења.
Косовската полиција изутринава започна акција на севернот дел на Косово за приведување осомничени за вмешаност во организиран криминал. Како што наведуваат медиумите, уапсени се неколкумина припадници на полицијата и имало пукање, но никој не бил повреден.
Косовските медиуми велат дека покрај уапсените лица вклучени во криминам, уапсени се и осомничени за вмешаност во убиството на лидерот на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ, како и убиството на косовскиот полицаец Енвер Зумбери во 2011 година, пренесува РТС.