НАТО ќе донесе нова воена стратегија поради нуклеарните закани кои доаѓаат од Русија, рекол во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
-Оваа недела нашите воени експерти донесоа одлука за имплементација на нова воена стратегија за Алијансата, рекол тој.
Освен тоа, додал Столтенберг, Алијансата се соочи со нови закани на истокот и југот.
-И понатаму треба да бидеме целосно спремни за одбрана и обезбедување на стабилноста. Тоа делумно значи и нови воени концепти, истакнал Столтенберг.
Претходно, претставници на НАТО предупредија дека Москва прави планови за употреба на нуклеарно оружје. Москва, пак, истакнува дека ја разгледува употребата на нуклеарно оружје само како средство за заштита.