Во повеќе делови од светот, утре во нов бран протести учениците ќе ги напуштат училниците и ќе излезат на улица, за да укажат на проблемите со климатските промени.
Координаторите очекуваат дека на протестите ќе се приклучат над еден милион млади од 110 земји, кои ќе ги повикаат политичарите и бизнис лидерите, да преземат мерки за намалување на емисиите на штетни гасови.
-Се чини дека имаме неверојатна способност да ги забораваме страшните работи, кои се случуваат и продолжуваме со секојдневниот живот, но возрасните мора да почнат да делуваат-порачала 16-годишната ученичка, Хелен Маршал, која го координира протестот во Франкфурт.
Иако протестите утре се одржуваат во западна Европа, Северна Америка и Австралија, глас за климата дадоа и младите во некои други земји како Мексико и Јужноафриканската Република.