Воен авион Ф-16 се урна во магацин во Калифорнија, соопштија локалните власти.
Како што пренесе „АП“, пилотот успеал да се спаси бидејќи скокнал навреме и се спуштил со падобран и поминал со помали повреди, додека неколку лица завршиле во болница бидејќи биле погодени од делови од леталото.
Според пишувањата на Си-ен-ен, авионот имал откажување на хирауличкиот систем, поради кое се случила несреќата.
Авионот кој и припаѓал на Националната гарда предизвика големи оштетувања на магацинот во кој удрил и во следниот период се очекуваат подетални информации за несреќата.