За „Нова Македонија“ од Тел Авив, Марија Таушанска
Над илјада новинари од цела Европа, но и од други земји во светот во Прес-центарот во Тел Авив го следат второто полуфинале на „Евровизија 2019“. Тие бурно реагираат на секоја песна, а се разбира најбучна е седмата сила од земјата на претставникот што во моментот ја изведува својата мелодија. Има и знамиња, аплаузи, но и реакции на негодување. Првиот аплауз се слушна кога одекна евровизиската химна. Фестивалот го отвори претставникот на Ерменија. Досега најсилно ракоплескања и извици браво имаше за песните на Швајцарија, Данска, Австралија, Шведска, Хрватска, Малта, Русија, Албанија, секако и за нашата Тамара која имаше одличен настап и навистина не направи сите горди.