Лидерите на суданската војска информираа дека постигнале договор со опозициската алијанса за тригодишен транзициски период, во кој земјата полека ќе ја презема цивилна администрација, јави Би-би-си.
Воениот совет за транзиција (ТМЦ) откри дека алијансата ќе има двотретинско мнозинство во законодавниот совет. Сега, двете страни треба да се договорат еден суверен совет, кој ќе ја има највисоката политичка моќ, каде и двете страни го посакуваат мнозинството.
Веќе еден месец, Судан го предводи воен совет, и тоа од минатомесечното уривање на власта на претседателот Омар ал-Башир. Протестите продолжија и по неговото заминување, со големи собири пред седиштето на војската, со барања на демонстрантите тие целосно на ја преземат владата.
Неколку часа пред објавата за договорот, најмалку пет демонстранти и еден член на безбедносните сили беа убиени во главниот град Картум.