Викендов беше завршена трката во англиската Премиер-лига. Титуалата ја освои Манчестер сити, но до последното коло во трка беше со Ливерпул кој на крајот финишираше со само еден бод помалку од шампионот. Осми пат во историјата на Премиер-лигата одлуката на првак се решаваше во последното коло, во 3 од тие 8 случаи како победник излегувал Манчестер сити, во 2012, 2014 и 2019 година.
Сити и Ливерпул заедно освоија 195 бода, што е најголем број во историјата на ова натпреварување.
Наградата „Златна копачка“ заврши кај тројца фудбалери. По 22 гола постигнаа Обамејанг од Арсенал и Салах, односно Мане од Ливерпул.
Поделени се и другите индивидуални награди во најсилното натпреварување на островот, а само тројца играчи од сите 20 тима што се натпреваруваа сезонава ги одиграле сите мечеви од почеток до крај. Станува збор за Србинот Лука Миливоевиќ од Кристал Палас, Бен Ми од Барнли и Конор Коуди од Вулверхемптон. Тројца фудбалери одиграа по 3.420 минути сезонава.