Еден од отстранетите делови од познатиот споменик Стоунхенџ во Велика Британија, беше вратен на свое место по 60 години, пренесува Би-би-си. Јадро долго еден метар од внатрешноста на праисторискиот камен споменик било отстрането за време на археолошки ископувања во 1958 година.
Никој не знаел каде се наоѓа овој дел сѐ додека 89-годишниот Роберт Филипс, кој бил вклучен во тие ископувања, одлучил да го врати. Тој се надева дека примерокот сега може да помогне да се утврди од каде всушност потекнуваат камењата.
Филипс 60 години го чувал делот од Стоунхенџ, прво во пластична цевка во неговата канцеларија во Басингстоук а потоа во неговиот дом во САД.
Во 1950 година тој бил вработен во фирма за обработка на дијаманти, која била вклучена во процесот на помагање да се зајакнат џиновските камења.
На неговиот 90-ти роденден тој одлучил да го врати делот кој недостигал.
Археолозите се надеваат дека ќе успеат да направат анализа на хемиските компоненти на јадрото со цел да го одредат точното потекло на престарите камења.
Локациите на останатите две јадра на Стоунхенџ остануваат мистерија.