Силна бура ги погоди Германија, Франција, Белгија, Луксембург оставајќи поплавени домаќинства и улици, а денеска се движи кон Данска.
Пожарникарите ја испумпуваат водата од подрумите и ги чистат поплавените улици и тунели откако бурата ноќеска зафати делови на западна Геманија.
Градот Ахен на крајниот запад на Германија е најмногу погоден од бурата.
Спасувачките служби примиле над илјада повици од тој регион, а полицијата во тој град соопшти дека нема повредени од бурата.
Со поројни дождови и град погодени се и Франција, Белгија, Луксембург.