Хорасио Сала, таткото на фудбалерот Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа, почина три месеци по смртта на неговиот син. 58-годишниот Орасио починал од срцев удар во петокот во Прогресо, Аргентина, потврди аргентинската „Ц5Н“ Тв-мрежа.
– Хорасио не можеше да го преболи Еми, но мислевме дека по пронаоѓањето на телото ќе успее да го затвори тој круг – изјави градоначалникот на Прогресо, Хулио Милер.
Авионот на Сала падна на пат за Кардиф од Нант на 21 јануари, откако Аргентинецот беше на пат за Велс за да се приклучи на новиот клуб Кардиф сити, за чиј трансфер беа одвоени 15 милиони фунти.
Телото на Сала беше извлечено од Ла Манш на 8 февруари по приватно организирано барање.