Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет. За него гласаа 12 члена и ниту еден не беше против на тајното гласање. Негов заменик ќе биде Селим Адеми, за кого гласаа 11 членови на Судскиот совет, а имаше едно неважечко ливче.
Здравев доаѓа на местото на досегашниот претседател Зоран Караџовски, чиј мандат истекува утре.
Врховниот судија Киро Здравев е член на Судскиот совет од декември 2018. За оваа функција тој беше единствениот кандидат.