Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи го смени водачот на Револуционерната гарда Мухамед Али Џафари и на негово место го постави генерал мајор Хусеин Салами.
Досега Салами беше заменик командир на Револуционерната гарда, а западните медиуми објавуваат дека е познат по цврстиот став против Израел и САД.
Засега не е позната причината за разрешувањето на Џафари.