Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против Исланд за пласман на Европското првество (ЕП) во 2020 година.

Македонија ќе го одигра првиот меч против Исланд во Рејкјавик на 10 април, додека вториот дуел против истиот ривал ќе се одигра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” на 14 април.

ПОШИРОК СПИСОК

Ракометар/Клуб
Борко Ристовски/Бенфика (Португалија)
Никола Митревски/Констанца (Романија)
Мартин Томовски/Металург
Градимир Чаневски/Еурофарм Работник
Дејан Манасков/Веспрем (Унгарија)
Ненад Костески/Струга
Гоце Георгиевски/Букурешт (Романија)
Мартин Поповски/Вардар
Бојан Маџовски/Металург
Стефан Дрогишки/Пелистер
Филип Талески/Рајн Некар Левен (Германија)
Мартин Серафимов/Металург
Велко Маркоски/Констанца (Романија)
Дарко Димитриевски/Балонмано (Шпанија)
Кирил Лазаров/Нант (Франција)
Горан Крстевски/Еурофарм Работник
Никола Маркоски/Еурофарм Работник
Стојанче Стоилов/Вардар
Жарко Пешевски/Мотор З. (Украина)
Марио Танкоски/Металург
Димитар Димитриоски/Металург
Томислав Јагуриновски/Металург
Филип Кузмановски/Еурофарм Работник
Филип Арсеновски/Металург
Филип Чурлевски/Еурофарм Работник
Ласко Андоновски/Пролет
Милорад Кукоски/Еурофарм Работник
Мартин Манасков/Пролет