Неполн месец по промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева деновиве својата публика ја израдува со уште една нова песна – „Одговор“. Текстот го напиша самата, а музиката ја потпишуваат заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов-Ивајо, а видеото го изработи продукцијата „Пинестел“.
– За мене „Одговор“ е една нова страница во мојата музичка приказна. „Одговор“ е песна за изневерената толеранција, доверба, љубов, за премолчувањето, кое станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства – вели пејачката за своето прво авторско дело.
Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева, насловен „Срце отвори“, што е во подготовка.