Некои од учесниците на вчерашниот протест на обединетата албанска опозиција се обидоа насилно да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот во Тирана.
Судир со полицијата пред Министерството за внатрешни работи имаа и жителите од населбата Астир, кои протестираат веќе четири месеци, бидејќи нивните домови треба да се урнат поради изградбата на големата обиколница во Тирана.
Покрај повеќе од 1.300 полициски службеници, дополнително се ангажирани припадници на единицата за брза интервенција и специјалната единица „шќипоња“. Полицијата е подготвена да употреби водни топови.
По пристигнувањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, состојбата се смири.
Во меѓувреме албанскиот премиер Еди Рама со автомобил од неговото обезбедување мина низ демонстрантите, кои извикуваа „Рама од си“, како и други навредливи зборови, а имаше и неуспешен обид да се попречи движењето на возилата.
Во парламентот вчера се одржуваше пленарна седница, на која заклетва даваат нови пратеници од опозицијата.