Радикализираниот затвореник кој утрото тешко рани двајца чувари во затвор во Нормандија, беше совладан вечерва во операција на француските специјални полициски единици РАИД.
Жената со која беше забарикадиран во блокот за посети, почина од раните здобиени за време на акцијата.
Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож.
На местото на инцидентот се регистрани серија детонации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата.
Чуварите ги нападнал 27-годишниот Мајкл Чиоло, извикувајќи Алах акбар. Чиоло отслужува затворска казна од 30 години поради киднапирање што предизвикало смрт како и за вооружен грабеж. За него има и пресуда за дополнителна една година поради терористички активности во затворот во време на терористичките напади во Париз во 2015 година.
Еден од повредените полициски чувари има повреди на лицето додека другиот има убодни рани во стомакот. И двајцата се хоспитализирани.
Регионални полициски тимови за интервенции и РАИД елитни одреди на националната полиција пристигнале попладнево во затворот каде напаѓачот и негова пријателка беа забарикадирани од утрото во делот за посети.
Nicole Belloubet vient d’arriver sur place #terrorisme #prison #CondéSurSarthe #alençon pic.twitter.com/dxkJHFArWP
— Delphine Le Normand (@NormandDelphine) 5 March 2019
Нападот врз полицајците бил извршен утрото околу 9.45 часот.
Министерката за правда, Никол Белубе исто така, побара инспекција на затворот Конде-сур-Сартр во Орн. За министерката, „нападот има терористички карактер”.