Стотина борци од Исламска држава (ИД) се ослободени од затвор во Сирија, откако курдските власти кои ги имаа заробено изјавија дека тие директно не учествувале во војната и не убивале луѓе, пренесува британски „Индипендент“.
Околку 283 Сиријци кои наводно биле членови на терористичката организација се ослободени од Сириските демократски сили (СДС) изминатиот викенд, како чин на кооперација, братство и помилување, стои во изјавата на групата.
Одлуката, според медиумите, е донесена преку преговори со лидерите на групите во југоисточна Сирија, од кои голема бројка играа главна улога во борбата против ИД како дел од арапско-курдската СДС.
– Тие го загубиле вистинскиот пат, ги прекршија сириските општествени традиции и сириското право, а дел од нив беа измамени. Но, тие остануваат деца на Сирија – пишува во соопштението.
СДС дополнително потенцира дека пуштените борци на ИД не биле вклучени директно во војната и не убивале, но имале административни позиции во групата. Според медиумите, арапско-курдската армија е на неколку дена од ослободување на последната територија која е под контрола на ИД, Багуз, во источниот дел на сириската провинција Деир ез-Зор.
Најновите информации на „Индепендент“ кажуваат дека еден ден по тешките борби, 150 борци на ИД се предале утрово и се заробени од страна на СДС.
Ослободувањето на борците доаѓа во момент кога е актуелно прашањето за борците-странци (од САД и Европа) кои дошле на територијата на Сирија за да се борат за калифатот на ИД и дали земјите од каде што дошле треба да дозволат нивно враќање. Овие борци, исто така се во затворите на СДС.
Во последните неколку месеци, ИД загуби многу од териториите кои ги контролираше и илјадници нивни борци заедно со семејствата масовно ги напуштаат овие конфликти места, а дел од нив се предадоа и на СДС, вклучувајќи 800 граѓани кои дошле од земјте од Европа.
СДС сега ги повика земјите да ги примат назат граѓаните кои дошле во Сирија да се борат, велејќи дека немаат ресурси за да ги држат во заробеништво неодредено време. Но, повеќето европски земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија до сега одбија ги примат назад овие луѓе, поради безбедносни причини.
Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид претходно изјави дека ќе бидат блокирани сите обиди британски државјани кои се бореле за ИД да се вратат во земјата.