Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска објави дека Каракас ги суспендира дипломатските односи со Колумбија и најави протерување на некои колумбиски дипломати откако таа земја се обиде да им помогне на претставниците на опозицијата да испорача хуманитарна помош за Венецуела.
– Трпеливоста е исцрпена, не можам да толерирам што колумбиската територија се користи за напади врз Венецуела, поради што решив да ги прекинам сите политички и дипломатски односи со колумбиската фашистичка влада – рече Мадуро.
Тој рече дека амбасадорот и дипломатскиот персонал на Колумбија имаат 24 часа да ја напуштат Венецуела.
Официјална Богота реагираше веднаш и веќе почна со повлекување на своите дипломати од Венецуела.
– Од безбедносни причини, колумбиските дипломати ќе заминат за Колумбија што е можно поскоро – изјави министерот за надворешни работи Карлос Холмес Трухиљо во Кукута, на границата со Венецуела.
Тој, исто така, ја предупреди администрацијата на Мадуро дека ќе биде одговорна за каков било евентуален акт на агресија во наредните часови или денови против колумбиските дипломати кои во моментов се наоѓаат во Венецуела.