На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово денеска ќе има привремен сообраќаен режим поради изведување на градежни зафати.
Од град Скопје информираа дека екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина. Градежните работи ќе се изведуваат од 7.30 до 12.30 часот поради што сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.
Се апелира учесниците во сообраќајот да го почитуваат сообраќајниот режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.