По прес-конференцијата на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и обинителката Вилма Рускоска на која беше посочено дека поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април со фејсбук статус се јави и Груевски во кој, тој го повика ОЈО да ги објават јавно сите докази против него.
-Да ги видиме материјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај. Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене, пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено- напиша Груевски на својот фејсбук профил.