Утврден е идентитетот на 14-те загинати лица во несреќата што се случи вчера околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, Скопско, кога автобус во сопственост на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(49) од Гостивар, излета од патот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот на починатите лица: Ј.Т. (25) од Гостивар, О.С. (19) од Гостивар, Б.А. (21) од с. Зубовце, Врапчиште, З.Д.(38) , А.И. (25) од Гостивар, Б.Ф. (38) од с. Сенокос, Врапчиште, Б.У. (20) од с. Долна Бањица, В.Х. (29) од с. Дебреште, Гостивар, А.Р.(33) од с. Дебреште,Гостивар, Д.Р. (38) од Гостивар, П.К. (23) од Гостивар, А.А.(55) од с. Железна Река,Гостивар, Е.Е. (65) од Гостивар и Т. Ј. (62) од Гостивар.
Во несреќата беа повредени 37 лица, од кои 29 се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница.