Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нејзината Влада не го сменила својот став и оти не сака да го пролонгира датумот за Брегзит – 29 март.
– Многу е јасен ставот на Владата, откако го покренавме членот 50, дека имаме временски рок од две години, кој завршува на 29 март и ние работиме на тоа – посочи Меј.
Претходно, шефот на британскиот преговарачки тим за Брегзит, Оли Робинс изјави дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот што го склучи премиерката Меј или со продолжување на периодот за спроведување на членот 50 од Лисабонскиот договор, според кој е формирана ЕУ.