Изминаа скоро 30 години откако првпат на сецената се појави легендарната генерација на Манчестер јунајтед. На „класата“ од 1992 година и припаѓаат одличните Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат и браќата Гери и Фил Невил, кои ја осовија легендарната тројна круна, со обединување на трите трофеи од Премиер лигата, ФА-купот и Лигата на шампионите, седум години по нивното појавување.
Повеќе од четврт век подоцна, штитениците на Сер Алекс Фергусон ги „закачија“ копачките и започнаа нов дел од својата кариера во фудбалот.
Петмина од нив заеднички го купија нисколигашот Салфорд сити во 2014 година, додека Бекам им се придуржи на бордот на директори овој јануари, а сите шестмина беа вклучени во филмот од 2013 година кој беше посветен на нивните достигнувања.
Со преземањето на кормилото на четвртолигашот Одлам атлетик, Пол Сколс се прикучи на останатите екс-играчи од неговата легендарна генерација кои започнаа да се бават менаџирање на фудбалски екипи.
Британски Би-би-си направи анализа за тоа како најпознатите шестмина фудбалери од легендарната генарција од 1992 година на Сер Алекс Фергусон се снаоѓаат во променетата фудбалска улога и транзицијата од врвни фудбалери во менаџери.
Фил Невил
Каде е сега?: Менаџер на женската фудбалска репрезентација на Англија
Каде беше?: Асистент и привремен менаџер во Валенсија, тренер во Манчестер јунајтед, тренер на репрезентацијата до 21 година на Англија, привремен менаџер на Салфорд сити
Успех: 8 натревари, 5 победи, 2 нерешени, 1 пораз. Процент на победи: 62,5 отсто (Англија жени)
Одлуката на Англиската фудбалска асоцијација да го назначи Фил Невил како нов менаџер на женската фудбалска репрезентација изненади многу познавачи на фудбалот овој јануари. Се сметаше дека тој е човек со огреничено менаџерско искуство во машкиот фубдал и со никакво во женскиот. Но, со неговото назначување, Невил предизвика нов интерес во јавноста за женскиот фудбал како најзвучно име кое било селектор на „Лавиците“, поради фактот што тој за англиската репрезентација има одиграно 59 натпревари и има освоено 10 важни клубски трофеи со Манчестер јунајтед.
Под менаџерската палка на Невил, Англија заврши на второто место на „Ши Биливс“ купот во САД со што се квалификуваа за престојното Светско првенство и се реални кандидати да за трофејот.
Гери Невил
Каде е сега?: фудбалски експерт за Скај Спортс
Каде беше?: менаџер на Валенсија, асистент на менаџерот на репрезентацијата на Англија
Успех?: 28 натпревари, 10 победи, 7 нерешени, 11 поради. Процент на победи: 35,7 (Валенсија)
Иако сега е фудбалски експерт за телевизијата Скај Спорт, Гери Невил започна да се бави со менаџирање на екипи уште од неговото пензионирање во 2011 година. По точно една година од неговото пензионирање од активната игра, Невил беше назначен за член за тренерскиот тим на тогашниот нов менаџер на Англија, Рој Хоџсон, пред да ја преземе позицијата на асистент на менаџерот за време на Светското првенство во 2014 година и за квалификациите за Европското првенство во 2016.
Во декември 2015, Гери Невил ја презема позицијата на главен тренер на екипата на Валенсија, каде соработуваше со помладиот брат Фил, но беше избркан по само 4 месеци поради голем број на порази.
Рајан Гигс
Каде е сега?: менаџер на фудбалската репрезенатција на Велс
Каде беше?: играч и привремен менаџер, играч-тренер и асистент на менаџерот на Манчестер јунајтед
Успех: 4 натпревари, 1 нерешена, 1 пораз. Процент на победи 50 отсто (Манчестер јунајтед); 9 натпревари, 3 победи, 1 нерешена, 5 порази. Процент на победи 33,3 отсто (Велс)
Рајан Гигс првото искуство како менаџер го имаше уште пред да се пензионира, откако стана играч-тренер на Манчестер јунајтед во јули 2013 година за време на раководењето на клубот од страна на Дејвид Мојес.
Кога Мојес беше отпуштен следниот април, Гигс ја презема позицијата на привремен менаџер-играч сè до доаѓањето на Луис Ван Гал, со што потоа тој објави дека се пензионира од активно играње во мај и му беше доделена улогата на асистен на Холанѓанецот.
Тој го напушти Манчестер јунајтед во јули 2016 година и беше назначен за селектор на Велс во јануари 2018 година, наследувајќи го Крис Колман. Неговиот најголем тест како селектор и прв човек на една фудбалска екипа ќе му бидат претстојните квалификации за Европското првенство во 2020 година.
Пол Сколс
Каде е сега?: менаџер на Олдхам атлетик
Каде беше?: тренер на Манчестер јунајтед, привремен менаџер на Салфорд сити
Успех: /
Пол Сколс во текот на целата негова спортска кариера е поврзан со нисколигашот Олдхам атлетик, па така не е изненадување неговото назначување како прв човек на екипата од „Боундари Парк“. Иако Сколс поседува 10 отсто од акциите на Салфорд сити, Англиската Фудбалска Лига му дозволи да ја преземе оваа позиција.
Сколс, за разлика од другите поранешни соиграчи, поспоро ја започна тренерската кариера, па така единственото негово такво фудбалско искуство е првременото менаџирање на Салфорд сити заедно со Фил Невил во 2015 година.
Искуството во Салфорд, заедно со караткиот престој во Манчестер јунајтед како тренер за време на привременото водство на Гигс на тимот се обврските кои Сколс ги презема во фудбалот откако ја заврши кариерата.
Најновата работа на Сколс, покрај менаџирањето, е и позицијата на фудбалски експерт за телевизијата БТ Спорт, експертиза главно посветена на неговите погледи на Манчестер јунајтед во ерата по Фергусон.
Ники Бат
Каде е сега?: шеф на академијата на Манчестер јунајтед
Каде беше?: асистент на менаџерот во Манчестер јунајтед
Успех: /
Заедно со поранешниот соиграч Сколс, Ники Бат не беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност по завршувањето на кариерата во 2011 година, но не мина многу време откако тој се врати во клубот каде што тој се афиримираше како фудбалер.
Во октомври 2012 година, Бат му се прилучи на својот Манчестер како тренер на резервниот тим, пред тој на стане шеф на академијата во 2016 година – позиција на која тој одлично се покажа, забележувајќи го талентот на сега афирмираните играчи во Премиер лигата Маркус Рашфорд и Џеси Лингард.
Дали еден ден Ники Бат ќе ја преземе менаџерската позиција на „Театарот на сништата“ останува да видиме, но сигурно е дека фановите на екипата ја препознаваат неговата работа, а доказ за тоа е повиците до раководството да го назначат токму Бат за менаџер на екипата неколку месеци пред отказот на Жозе Мурињо.
Дејвид Бекам
Каде е сега?: сопственик на Интер Мајами во САД, косопственик на Салфорд сити
Менаџерски успех?: /
Најпознатиот фудбалер од легандарната генерација од 1992 година Дејвид Бекам, кој е втор на листата на настапи за англиската репрезентација поверојатно е да биде виден до модна писта отколку до фудбалски терен. Бекам по завршувањето на богатата фудбалска кариера, беше заштитно лице на светски познатите комапии „Армани“, „Келвин Клајн“, „Пепси“ и „Адидас“ и може да се каже дека тој е една од најпознатите светски личности. Токму поради тоа, враќањето во фудбалот како тренер на некоја екипа не изгледа многу веројатно за популарниот Бекс.
И покрај тоа што не е заинтересиран за тренерската работа, Бекам остана инволвиран во фудбалот и во 2014 година најави дека ќе го купи фудбалскиот клуб во Мајами, САД за 25 милиони долари. По повеќе години планирање, минатата година објавено е дека Интер Мајами ќе се прикучи на американската МЛС-лига во 2020 година.
Во јануари оваа година, Дејвид Бекам им се придружи на поранешните колеги и купи 10 отсто од акциите во нисколигашот Салфорд сити.
Тој е препознатлив по хуманитарната работа за Уницеф, ги има посетувано воените трупи во Авганистан и е светски амбасадор за повеќе хуманитарни организации ширум светот.