Ракометарките на Пелистер се пред елиминација во Челинџ-купот, откако во првиот осминафинален меч беа поразени од српскиот претставник Наиса со 26-33.
Битолчанки дадоа солиден отпор во првото полувреме, кое заврши со минимална предност за Србинките (13-12), додека, пак, второто полувреме донесе посигурна и помотивирана игра за Наиса, која на крајот славеше со позитива од седум гола.
Најефикасни кај Пелистер беа Медеа Чокели и Ангела Јанкуловска со по шест гола. Реванш-мечот се играше синоќа, оти битолчанки се договорија и двата дуела да ги играат во Ниш.