Шпанецот Цезар Аспиликуета (Челси), со 16.099 минути меѓу играчите од поле, и Словенецот Самир Хандановиќ (Интер), со 17.010 минути меѓу голманите, се двајцата што играле најмногу во најсилните пет домашни првенства во Европа (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) во претходните пет години, објави во својата анализа Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија.
Хандановиќ во тој период одиграл 189 меча, сите по 90 минути, а Аспиликуета 182, на кои во просек играл по 88,5 минути.
Само десет голмани од врвните 25 на листата се во истиот клуб во текот на претходните пет години (во анализата биле вклучени мечевите од 1 јануари 2014 година до 28 јануари годинава). Ист е процентот забележан и кај фудбалерите.
Англичанецот Џо Харт, пак, во тој петгодишен период бранел за четири тима од „големата петка“, и тоа за Манчестер сити, Торино, Вест Хем и за Барнли.
Само пет напаѓачи се на листата со првите 25 со најмногу минути на теренот – Аргентинецот Лионел Меси, Шпанецот Хозе Калехон, Белгиецот Ромелу Лукаку, Уругваецот Луис Суарез и Французинот Антоан Гризман.
Најмногу меѓу играчите во германската Бундес-лига, каде што има помалку натпревари, оти се натпреваруваат 18 екипи (во другите по 20), одиграа Германецот Даниел Баер (13.477 минути за Аугсбург) меѓу фудбалерите од поле и неговиот сонародник Оливер Бауман (15.210 минути за Фрајбург и за Хофенхајм) меѓу голманите.
ГОЛМАНИ СО НАЈМНОГУ МИНУТИ
Самир Хандановиќ 17.010
Антони Лопес 16.560
Андреа Консилји 16.552
Давид де Хеа 16.554
Беноа Костил 16.470
ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ МИНУТИ
Цезар Аспиликуета 16.099
Камил Глик 15.754
Данило Ларангериа 15.613
Дани Парејо 15.217
Лионел Меси 15.197
Извор: ЦИЕС