Компјутерот Стокфиш победи на компјутерскиот шаховски шампионат „Булет“ на интернет-страницата chess.com. Шаховската машина победи на турнир со досега најкратко време за размислување (една минута плус две секунди по секој потег). Стокфиш освои 97 поени од 140 партии, пред Лц0 со 91 поен, кој, пак, беше единствен на турнирот што во директен дуел го победи Стокфиш (вкупно по три победи и 14 ремија во тие дуели).