Јутјуб ѕвездата Остин Џонс, кој се прослави со обработки на познати поп хитови, е уапсен и обвинет за поседување и распространување детска порнографија, оти ги поттикнувал малолетните обожавателки да му праќаат нивни разголении фотографии. Тој може да добие казна затвор од пет до 20 години.
Пејачот пред судот во Чикаго признал вина, а до изрекувањето на казната, ќе биде на слобода за да може да побара психијатриска помош. Пресудата ќе му биде изречена во мај годинава.
Меѓу 2010 и 2017 година, тој од десетина девојчиња кои го следеле на социјалните мрежи побарал и добил фотографии на кои тие се без облека. Највозрасната меѓу нив има 15 години.