Најмалку 52 лица загинаа, а уште 112 се повредени денеска при самоубиствен напад врз Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул.
– Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Сè уште не се знае колку точно има жртви – изјави началникот на полицијата во Кабул, Дауд Амин.
Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Претходниот биланс на загинати во самоубиствениот напад беше 31 човек.