Кошаркарот на Мајами хит, Дерик Џонс ќе паузира повеќе од еден месец поради повреда на коленото.
Според официјалната веб-страница на клубот, неговата повреда на натпревар со Њујорк (106:97) се покажа доста сериозна.
Џонс ќе пропушти најмалку шест недели, по што ќе оди на ново снимање.
Оваа сезона тој настапи на 37 натпревари, оствари просек од 7,4 поени по натпревар и 4,4 скока.
Мајами во моментов е на 7.место во Источната конференција со половичен ефект од 24 победи и исто толку порази.