Папата Франциско внимателно ја следи состојбата во Венецуела и Ватикан ќе ги поддржи сите напори кои ќе стават крај на страдањата на народот во таа земја, соопшти денеска Ватикан.
– Папата се моли за жртвите и за целиот народ на Венецуела. Светата столица ги поддржува сите напори кои ќе стават крај на страдањата на населението – се наведува во соопштението.
Ватикан не се изјасни „на чија страна е“, односно дали го поддржува претседателот Николас Мадуро или самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.
САД, Канада и други држави во Латинска Америка го признаа Гуаидо за претседател.